Кавадарчанец пријавил дека бил физички нападнат од поранешната сопруга, синоќа во 23: 30 часот, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Според пријавата во Полициската станица Кавадарци, 38-годишниот маж рекол дека околу 18: 45 часот, физички бил нападнат во домот на поранешната 32-годишна брачна другарка, по кратка расправија.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.