Млад кавадарчанец физички нападнал полициски службеници и повредил еден со остар предмет, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
– Синоќа околу 22:30 часот на улицата „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кавадарци, 23-годишниот Д.Б. физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, при што со остар предмет повредил еден од нив, појасни Додевски.
Тој додаде дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.