Во полициската станица Карпош, утрово во 8:10 часот, А.И. (46) од Скопје пријавила дека на улица „Ристо Равановски“ во нивниот дом со давење ја убила нејзината мајка В.И. (74), информираат од МВР.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и во домот затекнале починато лице. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција, а А.И. е задржана во полициска станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.