Четири патнички возила се судрија предмалку на наплатната рампа кај Тетово. Како што известуваат од СВР Тетово за „Република“ во несреќата, која се случила во 13:40 часот, полесно е повредено едно лице, кое било пренесено во тетовската болница.

Четири возила се судрија кај наплатната рампа Тетово, декември 2018 (фото: прес24)

Во сообраќајката учествувале „хонда“ со словенски регистерски таблички, управувана од 56-годишниот Ф.В. од Добридол, гостиварско, „пежо“ со охридски таблички управувано од Д.Г. (50) од Охриуд, „цитроен“ со бугарски регистерски таблички управуван од С.У. (55) од Струга и „мазда“ со австриски регистерски таблички, управувана од 34-годишниот Ј.М. од Австрија. Сите тие се движеле од Гостивар кон Тетово.

Повреден е возачот на „хондата“. Во тек е полициски увид, по што ќе се знаат околностите кои довеле до судирот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.