Во камион со скопски регистарски ознаки полицијата вчера на регионалниот пат Неготино-Градско открила 80 мигранти. Возачот , веднаш по застанувањето избегал, но набргу бил пронајден и приведен.
На 15 август 2020 во 09.30 часот на регионалниот пат Неготино-Градско, кај стар мотел Градско, полициски службеници запреле товарно возило „мерцедес 911“, со скопски регистарски ознаки. Веднаш по застанувањето, возачот побегнал, но набргу бил пронајден и приведен. Станува збор за А.Ф.(20) од с.Визбегово, скопско. При преглед во товарниот дел во возилото биле пронајдени 80 лица мигранти (79 од Пакистан и едно од Еритреја), стои во полицискиот билтен.
Увид бил извршен од полициски екипи, а за настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба против А.Ф. била поднесена кривична пријава, поради основи на сомневање за сторено кривично дело по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
Исто така, по наредба на Јавниот обвинител мигрантите ќе бидат сместен во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.