Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случила синоча во 18.25 часот на магистралниот пат Кичево – Македонски Брод, во непосредна близина на крстосницата за с.Србјани.

Како што соопшти МВР, сообраќајната незгода се случила помеѓу товарно моторно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки управувано од В.С.(51) од с.Јосифово, Валандовско, кое продолжило со движење и мотоцикл „холдинг“ без регистарски ознаки, управуван од Д.С.П.(37) од с.Србјани, кичевско.

По преземени мерки товарното возило било пресретнато и вратено на местото на настанот,а во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.С.П. и била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кичево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.