Вчера околу 12,00 часот на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе, на ул.„425“ и крак од ул.„Ѓорче Петров“ ,се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Д (27) од Куманово, удрило во пешак Д.П (60) од Куманово.
Во незгодата Н.Д. се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентен центар Скопје.
Увид извршила увидна екипа на СВР-Куманово. Се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.