Двајца возачи од Виница и од Штип се тешко повредени во сообраќајната несреќа која што се случи на патот Штип – Радовиш, кај м.в. Шести километар. Според првичните информации од СВР Штип, во несреќата учествувале камиот „ТАМ“ и комби при што дошло до судир меѓу двете возила. За причините, надлежните од СВР велат дека ќе информираат во текот на денот по завршување на истрагата.

Повредени се возачите во двете возила од кои едниот пренесувал сено, а вториот безалкохолни пијалаци и се хоспитализирани во штипската клиничка болница. Пожарникарите веднаш реагирале и излегле на терен и двајцата возачи се извлечени од возилата.

Во моментов сообраќајот се одвива во една коловозна лента и го контролира сообраќајна полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.