Попладнево полицијата пронашла камион полн со нецаринета роба во Шутка. Двајца шофери на фирмата „Сакаов Транс“ од Струмица се приведени во полициската станица во населба Шутка поради превоз на брендирана роба, објави порталот „Инфомакс“.
Како што пишува „Инфомакс“, фирмата која ја увезува робата е „Винекс Текстил“ од Струмица. Според податоците на Централниот регистар фирмата е во коcoпственост на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев и бизнисменот Крамзов од Струмица.
Покрај брендираната облека, во камионот се пронајдени и авто делови за автомобили марка „Ауди“ и „Мерцедес“.
Извор „Инфомакс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.