Ноќеска околу 01 часот пријавено е дека во с. Булачани на ул.1 , било опожарено товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма.

На наведената адреса околу 16.30 часот товарното моторно возило „МАН“ го паркирал К.А. (47) од скопско. Од страна на БППЗ пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.

Товарното моторно возило е целосно опожарено.

Увид ќе биде извршен во текот на денешниов ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.