На денешното рочиште за „Рекет“ се слушаат телефонски разговори помеѓу сведокот Орце Камчев и обвинетиот Бојан Јовановски. Во еден од разговорите Боки 13 го убедува дека Апелација ќе го ослободи, а во друг бизнисменот бара од Боки да каже што конкретно треба да направи.

Одбраната на Јовановски побара овие снимки да не се прифатат бидејќи не се направени со ПИ мерки и не може да се утврди кој со кого разговара.

Забелешка имаше и Јовановски тврдејќи дека се незаконски направени.

Водам приватен разговор и употребувам неточна правна терминологија. Приватно може да разговарам со кого сакам. Барам судот овие разговори да не ги прифати, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.