На денешното рочиште за Рекет се преслушуваат снимките од телефонот на Орце Камчев. На една од снимките се слуша гласот на Камчев кој вели дека треба Боки да му каже ова толку, тоа толку и на крајот му вели: „Не ме боли к**от Боки што ќе правиш ти“.

Камчев: Кажи ти ова е толку, она волку. Кажи вака и вака треба. Јас и ти разговараме, не навлагам, ниту ме интересира. Ти кажи ми што треба и сите да бидат среќни и задоволни. Јас сум директен.

Боки:  Директен сум и јас. А, што ќе правам, тоа си е мое.

Камчев: „Не ме боли к**от што ќе правиш ти Боки, кажи ова е икс, ова ипсилон, тоа е сумата.

Во друг разговор Боки зборува како Апелација ќе одбие жалба и да бидат подготвени и дека на Врховен суд Јанева нема да употреби правни лекови. Во разговорите Камчев на Боки 13 му се обраќа со шефе, а овој му зборува како во него стекнал голема доверба и поради тоа му кажувал работи само на Камчев.

На следна снимка Орце и Боки 13 зборуваат за нешто што треба да се даде, а го нарекуваат цигара. Во разговорот се слуша како се зборува и за враќање на пасош, а Камчев употребува вулгарни зборови додека разговара со Боки 13. На секоја снимка која се пушта во судница реагира одбраната и на Јовановски и Јанева. Според нив, не може на вакви разговори за кои нема ниту време, ниту датум, ниту пак се знае автентичноста, да се заснова судска пресуда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.