Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е недозволиво и казниво според Закон, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството посочуваат дека според Законот за здравствена заштита, член 304-г, (1) тој кој ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност како службена дејност и давање на здравствени услуги, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, а (2) ако при извршувањето на делото од став (1), сторителот со употреба на оружје или друго опасно орудие го малтретира или го навредува здравствениот работник и/или здравствениот соработник или телесно го повреди, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

– Ако на здравствениот работник и/или здравствениот соработник му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Ако сторителот на делото од ставовите (1) и (2) на овој член бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на здравствениот работник и/или здравствениот соработник, може да се ослободи од казна. Ако сторителот на делото од ставовите (1) и (2) на овој член бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на здравствениот работник и/или здравствениот соработник, може да се ослободи од казна, наведуваат од Министерството и додаваат дека нема да дозволат физичко насилство врз медицинските лица кои секојдневно спасуваат животи во болниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.