Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска извршија претреси на две локации во село Кондово- Скопје и при тоа го лишија од слобода С. И. (34), осомничен за „грабнување“, соопшти МВР.
– Единица за насилен криминал претходно поднесе кривична пријава против Р.А.(32), Ј.И.(36), Б.Џ.(27), С.И.(34) и Л.Р.(31), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик. На 08.09.2020 околу 22 часот на автопатот Скопје-Тетово, на наплатната рампа кај село Глумово, во организација на првопријавениот и петтопријавената, третопријавениот и четвртопријавениот со патничко возило му го пресекле патот на Б.М.(34) од Гостивар, кој бил со своето патничко возило „масерати“. Им се приклучил и второпријавениот и сите заедно физички го нападнале Б.М., по што насилно го внеле во неговото возило и го однеле на автоплац во село Кондово, сопственост на првопријавениот, каде повторно физички го нападнале – велат од МВР.
Од таму додаваат дека прво, второ и третопријавениот, поради наводен долг од 20.000 евра, го присилиле оштетениот да влезе во возилото „бмв Х5“ и го однеле во нотарска канцеларија во Тетово, каде го присилиле да направи купопродажен договор за неговото возило „масерати“ да се префрли на име на првопријавениот.
– После тоа, го однеле оштетениот на бензинска пумпа кај село Желино. По пријавување на настанот, СВР Скопје презеде мерки и бил извршен претрес во домот на првопријавениот, при што со потврда било одземено возилото „бмв Х5“. Од слобода биле лишени второ и третопријавениот, а на разговор била повикана петтопријавената. На 10.09.2020, по претходен распишан распис, сам се пријавил првопријавениот и со него бил извршен разговор, по што бил задржан за понатамошна постапка, а денеска е приведен и С.И. – велат од МВР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.