На 26 јули 2019 година во обложувалница на улица „Моша Пијаде“ бр.119 во Прилеп беше извршена кражба на парични средства. Сторителот веќе неколку дена го посетувал објектот, бил таму на 20, 21 и 24 овој месец, но притоа немал храброст да го изврши делото, како што всушност покажува и снимката од видео-надзорот во објектот, објави порталот „Шеталиште”.
Додека го посетувал објектот тој носел кацига на главата, а до местото на настанот доаѓал со велосипед.
За настанот информираше и СВР Битола под чија надлежност е ПС Прилеп, а во информацијата стои дека на 26 јули во Прилеп на улицата „Моша Пијаде“ во обложувалница едно лице со закана одзело пари и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.