Вчера полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(70) од Скопје.

При претрес во неговиот дом во населбата Аеродром, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, шприц со течна смолеста материја и една дигитална вага со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.