На локалниот пат меѓу селата Калуѓерица и Подареш, Радовишко, синоќа околу 19.30 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле товарно моторно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки во кое имало 32 мигранти, соопштија денеска од СВР Струмица.

Од пронајдените мигранти девет биле од Авганистан, 14 од Пакистан, седум од Египет, еден од Индија и едно лице од Турција.

Возачот побегнал од местото пред доаѓањето на полициската патрола, а по наредба на јавен обвинител мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба” во Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија, се додава во соопштението на полицијата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.