Денес околу три часот во угостителски објект, во кој била спроведена акциска контрола, покрај автопатот Гостивар-Тетово, во непосредна близина на Неготинска клучка, полициски службеници ја лишиле од слобода Р.Е.(29) од Скопје.
МВР денеска соопшти дека при преглед кај неа бил пронајден кокаин, поради што била задржана во полициската станица Гостивар.
По целосното документирање на случајот, против Р.Е. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.