Повеќе од 1.000 монети со археолошка вредност од различни локалитети во Македонија биле пронајдени во домот на поранешниот градоначалник на Кавадарци, Александар Панов.

Монетите ги пронашла полицијата при претрес на неговиот дом, но тој вели дека се работи за „модерна нумизматика и дека некој тенденциозно го пријавил од лични причини“.

Се работи за модерна нумизматика и пријавата најверојатно е злонамерна и со тенденција да ми се наштети. Нема стари монети во мојата збирка. Ги собирам од дете, сигурно 40 години. Полицајци од Велес и Кавадарци извршија увид кај мене и родителите утринава. Неколку папки од новите монети се одземени и во полициска станица Кавадарци на вештачење. Коректни беа полицајците. Пријавата е најверојатно лична работа, а не политичка – изјавил Панов за МИА.

Тој бил во кавадаречката полиција каде што се задржал околу два часа и дал исказ, но не бил приведен и уапсен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.