Мигранти од Сирија пронајдени во возило со бугарски регистарски ознаки на крстосницата за село Ратево во Берово. По преземени мерки од страна на беровските полицајци, како што стои во полицискиот извештај, случајот е пријавен кај јавен обвинител.
На 22.10.2020 во 19,35 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Берово и Регионалниот центар за гранични работи Исток на крстосницата “Брик“-Берово било забележано патничко моторно возило “пежо 307“ со бугарски национални ознаки кое на даден знак не застанало. По преземени мерки кај раскрсницата за село Ратево, било пронајдено возилото, а биле пронајдени и три лица – мигранти од Сирија. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во извештајот од беровската полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.