Против сопственик на кафеана во гостиварското село Градец полицијата ќе поднесе кривична пријава за загрозување на јавното здравје, откако при контрола во 21 часот затекнати се 20 гости.
Синоќа околу 21.00 часот во гостиварското село Градец полицајци од одделението за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.А.(35), жител на селото, во чиј угостителски објект биле затекнати 20 гости.
Тој бил задржан во полициската станица во Гостивар и по целосното документирање на случајот ќе му биде изготвена кривична пријава според член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.