Полициски службеници од СВР Тетово во текот на вчерашниот ден во 13:10 часот, извршиле контрола во угостителски објект на улица 120 во Тетово, во кој што биле послужени неколку гости, информира Министерството за внатрешни работи.

МВР соопшти дека објектот е времено затворен од страна на Државниот пазарен инспекторат, а сопственичката Ј.Б.Н (49) е лишена од слобода. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.