Преку одговрен и транспарентен пристап СДСМ ја трансформираше полицијата во вистински пријател и заштитник на граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

„Постојано се вложува во условите за работа, што придонесува денес да имаме високо мотивирана полиција која ефикасно и неселективно се справува со секој вид на криминал.

За овие четири години реконструирани се 58 објекти на Министерството за внатрешни работи, а изградени и во фаза на градба се неколку објекти за потребите на МВР.

Редовно се исплаќа бонус плата за остварени прекувремени работни часови“, истакна Каевски.

„Постојано се вложува и во набавка на нова опрема. Само во овој период набавени се 8.000 пара чевли, нови униформи за единицата за брзо распоредување и интервентната полиција, набавени се 40 нови дрегери, како и нови радарски системи.

Сето тоа приднесува за поефикасна работа на полицијата и намалување на стапката на криминалот.

Во првото полугодие од оваа 2021 година, забележан е пад на криминалот за 10,8 отсто во однос на истиот период лани.

Со ваков ефикасен пристап, постојано расте довербата на граѓаните кон полицијата која денеска е заштитник на граѓаните, чувар на законите и правниот поредок.

Продолжуваме со инвестиции во безбедносниот сектор за уште помотивирана полиција која бескомпромисно, чесно и неселективно ќе се бори против секој вид на криминал и корупција“, посочи Каевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.