Бизнисменот Орце Камчев во сведочењето истакна дека предметот „Империја“ бил оформен за тој да биде рекетиран. Но, ние би го поставиле обратно прашањето, односно дали можеби предметот „Рекет“ е измислен за обвинетите од „Империја“ бидат ослободени. Вака адвокатот Дељо Кадиев ги започна завршните зборови како бранител на Катица Јанева. Тој истакна дека има незаконитост на доказите, односно дека Јанева била снимана од страна на Камчев надвор од законот.
Неовластеното снимање на Јанева е кривично дело. Судот не требаше да ги прифати овие докази, но ги прифати поради јавниот интерес. Материјалите од неовластеното снимање од може да се употребат во предметите на СЈО поднесени до 30.6. После тоа може да бидат само индиции, објасни Кадиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.