Кривичниот суд денеска на повтореното судење ја потврди казната од девет години затвор за поранешниот помошник – министер за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, кој е обвинет за злоупотреба на службената положба во случајот „Триста“.
Судиката Добрила Кацарска, која е на чело на Судечкиот совет, повторно му ја одреди истата пресуда на Поповски.
Поповски беше осуден на казна затвор од девет години во 22 мај минатата година, но Апелациониот суд ја укина пресудата и случајот го врати на повторно судење во Кривичниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.