елата на две лица се извадени од водите на реката Радика, откако попладнево било пријавено дека автомобил паднал во реката. Според првичните информации, станува збор за брачен пар од селото Житинани, општина Центар Жупа.
Од СВР Тетово информираат дека попладнево околу 14 часот било пријавено дека во близина на Скудрински мост по патниот правец Маврови Анови-Дебар во Радика било забележано патничко моторно возило. Набрзо на терен излегле полициски службеници од полициското одделение Ростуше кои констатирале дека станува збор за „Југо” со дебарски регистарски ознаки и дека во нив имало две лица. По доаѓањето на противпожарната единица и првата помош од Дебар, било констатирано дека во возилото имало две починати лица.
По извршениот увид од страна на увидна екипа од ОВР Гостивар и jавен обвинител било констатирано дека станува збор за сопружници маж на 63-годишна возраст и жена на возраст од 60 години од селото Житинани.
Јавен обвинител дал наредба за обдукција врз телата по што ќе се утврди причината за нивната смрт, а ќе се трага и по причините кои довеле до трагичниот настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.