Вчераутро на крстосница од регионален пат Куманово – Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо корал“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М. (73) и патничко возило „тојота“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П. (57), двајцата од с.Тромеѓа, кумановско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П. од возилото „тојота“ и била пренесена во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачот С.М. и сопатничката М.Д. и биле пренесени во болницата во Куманово.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.