Обвинетиот Игор Југ, во својата реплика на вчерашната изјава на обвинителката Вилма Рускоска, дадена на крајот од завршните зборови во предметот „27 април”, денеска реагираше дека „не е точно тоа што го кажа обвинителката Рускоска дека сакав да го убијам Зоран Заев, и дека за тоа не треба храброст”.

И самиот Заев, кога сведочеше, го прашав дали е сигурен дека јас сум сакал да го убијам, а тој рече дека тоа е само претпоставка, потенцира Југ.

Обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека му е жал што не е тука присутна обвинителката Рускоска, но веројатно, рече тој, оправдано е отсутна ако останала до доцна во ноќта на “Златна бубамара”.

Михајловски пред судот кажа дека информацијата за роднинската врска меѓу браќата Михаил и Стефан Младеновски со обвинителот Коле Штерјов, ја дознал од Михаил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.