Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески вели дека секој инволвиран во случајот „Рекет“ ќе биде распитан. Тој вели дека истрагата работи на обезбедување докази, по што ќе нема поштеда за никого.
Како што е познато, во тек е истражната постапка за овој случај. Истражните дејствија, јавниот обвинител ги презема за да се обезбедат доказите и за да се утврди вистината според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот. Уште еднаш истакнувам дека обвинителството постапува неселективно и ја уверувам јавноста дека секој што е инволвиран во конкретното дело ќе биде сослушан и испитан и по целосно расчистување на истрагата, согласно законот, ќе сѐ донесе јавнообвинителска одлука“, вели за Независен весник Јовески.
Денеска во италијанскиот весник „Ла Верита“ беше објавено второто продолжение од видео-снимките на кои се слуша разговорот меѓу Орце Камчев со Бојан Јовановски кои се договараат околу парите, но и помошта што ќе ја даде Боки 13 во случајот „Империја“. Во еден момент, се слуша, гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Јанева е на одмор во Грција и досега не беше повикана на распит, иако ѝ беа одземени за вештачење двата мобилни телефони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.