На денешното рочиште за „Рекет“ Бојан Јовановски ѝ се пожали на судијката Васка Николовска – Масевска дека не може да го следи рочишето и оти бара да биде прегледан од конзилиум.

Ова е тортура врз мене. Под седативи сум, имам болки во абдоменот, рече Јовановски.

Неговиот адвокат Сашо Дукоски претходно кажа дека врз обвинетиот не бил извршен конзилиарен преглед како што најави судијката Масевска. Таа не дозволи денешното рочиште да се одложи.

Бојан не е контактибилен. Се жали на болки во абдоменот и му даваат седативи и таблети за смирување од болки. Барам конзилиарно мислење и да не се крши Уставот. Не ни е целта одложување на рочиштето, рече адвокатот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.