На денешното рочиште за „Рекет“ беа прегледани само дел од снимките од обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, осудениот Зоран Милевски Кичеец и обвинетата Катица Јанева, кои биле физички следени со посебни истражни мерки (ПИМ).

На крајот на денешното рочиште судот дозволи утре да се прегледа целиот материјал од УСБ-то од Милевски. Станува збор за УСБ од шест фолдери од кои три веќе беа презентирани, а за останатите три Обвинителството сметаше дека нема потреба да се презентираат, бидејќи, според Вилма Рускоска, не се директно поврзани со случајот. Сепак, судијката го прифати барањето на одбраната на Боки и Јанева.

Не сакаме да оставиме никаков сомнеж дека нешто прикриваме и подготвени сме да го презентираме целиот материјал, рече Рускоска.

се работи за вкупен материјал од 2 часа и 10 минути

Адвокатот Сашко Дуковски смета дека има голем пропуст во изведувањето на доказот со број 148. Според него во тој доказ каде што се гледа Зоран Милевски Кичеец не се претставени двете лица кои и се добро познати на јавноста.

„Република“ веќе пишуваше за спорната снимка:

Сметам дека тоа е голем пропуст на Обвинителството, изјави Дуковски.

Јовановски, пак, коментирај ги видеоснимките презентирани од Обвинителството рече дека на презентираната снимка не се гледа како тој влегува во куќата на улицата „Стрезовска“ каде што живееше обвинителката Јанева.

Сметам дека јас само мало бебе во однос на тој што доби куќен притвор и ја призна вината, рече Јовановски зборувајќи за Кичеец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.