Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски кој синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко, извршил класичен хакерски упад во ситемот на Центарлен регистар, потврди за „Слободен печат“ директорката Марија Бошковска Јанковски.

Од МВР информираат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР вчера по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар и по консултација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода 46-годишниот Љ.Ј. од Скопје.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, предвидено и казниво по чл.251.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.