Два дена го нема младиот Јосиф Попов од Драчево. Семејството, очајно се обидува да стапи во контакт со него, но безуспешно. Тој во изминативе денови, не се појавил ниту во училиште. Не се јавил кај ниту еден другар со кого досега е стапено во контакт, за да каже каде се наоѓа, ниту се најавил дека ќе се оддалечи од домот.

Сестрата на Јосиф сподели и фотографија од него. Доколку го забележите било каде, контактирајте со семејството на следните два телефонски броеви: 071-388-246 и 072-931-594.


Според информациите кои се достапни, последно Јосиф е виден во Центар како излегува од зградите означени како „блок 1“ спроти Македонска пошта и се упатил кон училиштето Јосип Броз Тито.

Тој последно бил облечен во светлозелена маслинеста јакна, темни панталони и црни високи обувки.

Во нова информација на социјалните мрежи се споделува дека тој е забележан и во „Силбо“ во друштво на постар човек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.