Судијката Васка Николовска Масевска ги исклучи новинарите од денешното рочиште за „Рекет“, бидејќи во судот ќе се изнесуваат разговори со кои може да се наруши приватноста на осомничените или обвинетите.

Неофицијално се работи за двочасовна снимка на приватен разговор помеѓу Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец.

На самиот почеток на судењето, Јовановски им се пожали на новинарите дека бил нападнат од затворската полиција.

Судењето продолжува во понеделник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.