„Јавна соба“ не е единствена група во која се споделуваат фотографии од малолетнти девојки. На сајтот „Волафајл.орг“ се поставени фотографии, видеа, со идентитет и без идентитет во уште најмалку три групни посветени на Македонки, меѓу нив и позната водителка и други јавни личности, објави „Алфа“.
Волафајл е светски познат сајт, каде во чет не можете да влезете доколку не добиете линк од некој кој веќе е дел групата. Тематиката е ширење на експлицитен материјал, најчесто од девојки. Покрај македонските т.н. соби, таму има уште многу групи од различни држави, дел брзо се деактивираат, но има и такви кои доста долго време опстојуваат. Една од тие која се уште е активна е и собата каде се објавуваат фотографии од девојки од просторите на поранешна Југославија, за која е потребен пасворд да влезете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.