Шефицата на јавното обвинителство, Вилма Рускоска за „Слободен печат“ вели дека сеуште пред судијата за претходна постапка за случајот „Рекет“ не е донесен никој, но неофицијално се очекува после 7 часот да ја донесат Јасна Мандиќ, заменик претседателот на Меѓународниот Сојуз, невладината организација на Боки 13.
Од Кривичен суд ја потврдуваат изјавата на Рускоска, дека нема никој нов донесено за случајот „Рекет“.
Покрај неа осомничени се и Фросина Ременски, потоа асистентката на Јовановски, Кристина Карајованова, а и Миле Јовановски, татко на првоосомничениот Бојан Јовановски. За Мандиќ се бара притвор, додека за другите се бара мерка претпазливост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.