Денеска во Кривичниот суд сведочеше поранешниот Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. Тој истакна дека протестите на „За заедничка Македонија“ пред Собранието биле граѓански и дека партијата не била организатор.

Протестите беа граѓански против тиранската платформа и против сè што се случуваше во државата тогаш. Партијата не зазеде никаков став по ова прашање, рече Jанушев.

На конкретниот ден на 27 април тој рече дека бил на ракометниот меч Вардар – Флензбург.

Како тогашен директор на ЈСП Скопје рече дека не правел никаков притисок вработените да излезат на протести.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.