Гордана Јанкуловска, Љупчо Тодоровски Радникот и Синиша Алексовски ќе даваат исказ како сведоци повикани од обвинителката Фатиме Фетаи во предметот „Монструм“.
Поранешната министерка за внатрешни работи сведочеше како била известена за настанот и иницијалните чекори во истрагата.
Вечерта кога се случи настанот, практично во доцните вечерни часови, добив известување од Центарот за известување состојби на вообичаен начин, како и за сите настани преку смс со крсток опис што е пријавено и кога е пријавено. Истовремено добив телефонски повик од тогашниот командант на „Алфите“ Ивица Анчевски и ми ја даде истата информација. Во таа прилика го прашав дали тоа е информација од ДОЦ или од терен ја добил. И колегите од тоа подрачје преку радио врска известиле за настанот кој што се случил. А, потоа следеа и серија повици од старешини, сведочеше Јанкуловска.
Побарав од Анчевски-Пуки да оди на лице место и да ме информира што гледа и што е релевантно да ми соопшти, продолжи таа, додавајќи дека потоа телефонски разговарала и со Љупчо Тодорвски, тогашниот директор на БЈБ со кој се согласиле за целосна мобилизација на полицијата, одлука која била според правилникот за работа на полицијата.
Беше ден пред празник со споени денови и направивме напори сите кои се на располагање да дојдат на работа и да се започне со активности, рече таа.
Јанкуловска сведочеше дека бил формиран и оперативен штаб кој функционирал се до поднесувањето на кривичните пријави против лицата осомничени.
Имаше многу тези, разговори, информации, гласини од официјални лица на вработени во полицијата. Се споделуваа тие информации и со мене. Но далеку од тоа дека имавме сознанија за да се тврди за сомнителни лица на самиот почеток од истрагата. Имаше толку многу информации од кои не можевме да ја најдеме почетната точка. Секоја информација се проверуваше и за на крај да се следи една теорија на случај, сведочеше Јанкуловска.
Обвиниелката Фетаи посочи на разговор воден меѓу нејзе и Мијалков во кој тој и соопштува дека „спремил една добра анализа за „Монструм“ и ја поканува да пристуствува на презентацијата. По чија инцијатива беше тоа направено и дали присуствувате, ја праша обвинителката.
Јанкуловска одговори дека интензивно комуницирале како со старешините така и со Мијалков.
За формална презентација не се сеќевам. Можеби имало не негирам, но не се сеќавам дека јас сум присуствувала, одговори таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.