Поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска спроведена е во затворот Идризово на одлежување казна затвор.
Јанкулоска е осудена на 4 години затвор за случајот познат во јавноста како „Тенк”.
Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи доби шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“ С600 за кој Специјалното јавно обвинителство покрена обвинение познато како „Тенк“.
На 28 март 2019, Апелациониот суд Скопје ѝ ја намали затворската казна на Јанкулоска од 6 на 4 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.