СЈО кое го водев четири години, од тогашната опозиција доби 660 илјади фајлови со незаконски прибавени прислушувани материјали. Да знаете што јас се знам од тие 660 илјади фајлови, сигурно не би била тука, но јас никогаш не дозволив тие да излезат во јавност. Се надевам дека тие фајлови се уште се во СЈО, изјави поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева на денешното судење за случајот „Рекет“ во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Јанева кажа дека фајловите биле слушани по три часа на ден и сите материјали биле сработени.

Согласно законот за СЈО јавните обвинители имаа целосна слобода и независност во водењето на предметите и постапките, рече Јанева.

Нагласи дека таа не водела ниту еден од случаите, што биле отворени од СЈО и немала ниту еден предмет во нејзината канцеларија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.