Да не се раздвојува постапката во случајот ТНТ и да продолжи судењето за него, Никола Груевски и Елизабета Најдовска, побара обвинетиот Миле Јанакиески .

Според Јанакиески со раздвојувањето нема да се дознае вистината. На обвинителот Рустеми му порача дека ако Обвинителството сака да му ја скине главата, односно само тој да одговара, тогаш да го направи тоа.

Целта на едно судење е да се дознае вистината. Јас немам отсуствувано на ниту едно рочиште. Ако Обвинителството смета дека треба само јас да одговорам за овој предмет, тогаш нека се одвои постапката. Дајте му простор на адвокатот на Тони Трајковски да му се јави и да зборува дали тој ќе може да дојде и да вети дека ќе дојде на утршното рочиште. Јас не знам дали поротникот има мандат или не. Ако Тони се издвои од овој настан нема да се дознае вистината. Јас имам многу прашања за Тони. Ако Обвинителството има цел да му ја скине главата на Миле Јанакиевски, повелете“, рече Јанакиески.

Адвокатите го спореа предлогот на обвинителот Бурим Рустеми кој го побара раздвојувањето, а истовремено, пречка да продолжи судењето, според нив е и возраста на судијката поротничка која треба да биде пензионирана.

Од утре ќе поднесувам поднесоци за сите прекршувања, па да видиме кој го знае законот, а кој не. Кој опструира и зошто се одложува“, рече адвоктот Дончо Наков по што Рустеми праша „Ова како закана да го сфатиме или?“, а Наков повторно одговори „Не, како ветување”.

Во предметот ТНТ, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.