Екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот Таргет-Тврдина за нелегалното прислушкување, каде обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, екс министерката за внатрешни, Гордана Јанкуловска и вработени во УБК.

Со ова Јанакиевски се приклучува кон прогонот на обвинетите во случајот. Освен него, барање до судот за да биде оштетена во процесот поднела и Гордана Јанкуловска преку нејзините бранители.

Судењето за Таргет-Тврдина е заочнато на 22 декември 2017 година и се наоѓа во фаза на доказна постапка. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои што воопшто не биле издадени судски наредби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.