Во угостителски објект во струшкото село Мислешево, вчера околу 16 часот, бил нарушен јавниот ред и мир од страна на 37-годишен стружанец, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој, ја скршил фискалната каса, а потоа чашите и другите предмети што биле поставени на шанкот. Притоа, со телесни повреди се здобило 51-годишно лице од Струга, информира Димоски.

По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга против пријавениот ќе поднесе соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.