По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 25-годишен скопјанец за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, обвинетиот во куќата на неговиот дедо во Чаир, неовластено заради продажба држел 105,55 грама наркотична дрога марихуана, спакувана во 23 зипер-ќесички. При претресот на 16 јануари била пронајдена и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог за продолжување на мерката куќен притвор за обвинетото лице, која претходно беше определена од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.