Полицијата уапсила разбојник во Гостивар, за кој се сомничи дека извршил пет тешки кражби.
Во Гостивар вчеравечер околу 19.30 часот на улица „Живко Брајковски“ полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 22-годишниот гостиварец Ф.Н., поради сомнение дека во последниве два месеца во Гостивар извршил пет кражби и тешки кражби, од кои три во моторни возила – информираат од МВР.
МВР соопшти дека тој бил задржан во Полициската станица во Гостивар за документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.