Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 санкции, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, девет за возење без возачка дозвола, 27 прекршоци што ги чинат пешаците, 29 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, порачуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.