Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на скопското село Шишево, поради сторено казнено дело „измама“.

Кривична пријава е поднесена против лицето Џ.С.(43) кој на деветти јануари годинава, со намера да се стекне со против правна имотна корист, извршил лажно прикажување и прикривање на факти, доведувајќи го до заблуда Д.М.од Дебар, од кого, претходно изнајмил рент-а-кар возило „БМВ Х5“ – изјави портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски.

Тој додава дека по истекување на договорот за изнајмување на автомобилот, пријавениот не му го вратил возилото на оштетениот со образложение дека му го одзеле лица на кои, наводно им должел пари.

По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека пријавениот, направил фалсификуван купопродажен договор, во кој, прикажал дека сега оштетениот, му го продал автомобилот. Потоа, извршил негово одјавување и го продал на лице од Куманово – информира Димоски.

Тој информира и дека според статистичките податоци на ОВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа полициските службеници констатирале два прекршока за неносење лична заштита на лицето или овој месец вкупно 37, за што се издадени платни налози.

Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 17 контроли во угостителски и други објекти.

Во изминатите два дена од воведувањето полициски час, во двете општини, не е регистрирано непочитување на забраната за движење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.