Тринаесет сообраќајни несреќи се случиле во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје, а во нив седум лица се здобиле со лесни телесни повреди. Како што соопшти МВР во осум од сообраќајните незгоди е предизикана материјална штета.
Од сообраќај се исклучени 12 возачи кои управувале со технички неисправни возила, додека „пајакот“ кренал 68 возила.
Казнети се и тројца возачи кои не давале првенство на минување на пешаци на пешачки премин, 18 за зборување на мобилен при возење, а 15 за неносење сигурносен појас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.