Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14:30 часот во Полициската станица Драчево, 81-годишен жител на Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13.500 денари.

 

Според пријавеното, на 12.01.2021 лицето дошло во неговиот двор во н.м. Морани и му понудило огревни дрва на продажба, кои биле на главниот пат во товарно возило.

Според пријавата, тој му ги дал парите на лицето и тоа заминало. Откако лицето не ги донело дрвата, пријавителот сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.