Триесет годишен скопјанец заработи кривична пријава поради измама на дебранец кому му земал над 1.000 долари.
-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, Одделението за внатрешни работи во Дебар, поднесе кривична пријава против М.М.(30) од Скопје. Тој, на 29 јуни годинава, на жител од Дебар му се претставил како странски државјанин и му побарал пари со цел да плати медицинска интервенција за член на семејството на неговиот пријател, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Додава дека скопјанецот ставајќи го во заблуда, оштетениот му дал 1.000 американски долари и 100 евра.
Димоски исто така информираше дека во изминатите два дена на подрачјето на ОВР Дебар, од страна на полициските службеници издадени се 32 прекршочни платни налози, за неносење заштитнам маска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.